Шакира се враќа во Шпанија по 7 години – серија концерти во Мадрид

Шакира ќе одржи серија концерти во Мадрид во септември – нејзино прво појавување во Шпанија од 2018.

Шакира ќе одржи серија концерти во Мадрид во септември, што ќе бидат нејзини први настапи во Шпанија по 2018 година.

Колумбиската поп ѕвезда Шакира ја најави својата враќање на шпанската сцена со концерти во Мадрид, како дел од завршницата на нејзината светска турнеја. Според организаторот Live Nation, засега се потврдени шест датуми – 18, 19, 20, 25, 26 и 27 септември.

Сепак, постојат најави дека бројот на концерти би можел да се зголеми, откако градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Алмеида, сугерираше дека вкупно би можеле да се одржат до десет настапи.

Ова ќе бидат први концерти на Шакира во Шпанија по пауза од седум години, односно од 2018 година, пред нејзиниот приватен живот да дојде во фокусот по разделбата со поранешниот фудбалер Жерар Пике во 2022 година.

Според организаторите, концертите ќе бидат дел од спектакл што ја слави животната енергија и латино културата. За оваа намена ќе биде изграден привремен „Shakira стадион“ во јужниот дел на Мадрид, со капацитет од околу 50.000 посетители.

Шакира ја започна својата светска турнеја во февруари 2025 година под името „Жените не плачат“, а веќе привлече огромно внимание. На почетокот на турнејата, во Мексико, таа настапи пред околу 400.000 луѓе на бесплатен концерт, додека во мај се очекува и настап на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.

Во меѓувреме, нејзината кариера беше проследена и со правни предизвици. Во ноември 2023 година, пејачката постигна договор со шпанските власти за да избегне судење за даночна измама, при што прифати да плати казна од над 7,3 милиони евра.

Со новата серија концерти, Шакира повторно го става фокусот на музиката и сцената – и го најавува своето големо враќање пред шпанската публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни