Северниот студ донесе снег: Еве каде веќе се формира снежна покривка

Во Скопје и околината се очекуваат повремени врнежи од дожд, додека на повисоките околни планини дождот ќе премине во снег. Ќе дува и засилен северен ветер.

Земјава и денес останува под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, проследена со спуштање на поладна воздушна маса од север. Оваа комбинација повторно ќе донесе обилни врнежи, особено во источните региони, каде локално се очекуваат над 40 литри дожд за 24 часа.

Врнежи со умерен интензитет ќе има и во останатите делови од земјата. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а повремено и засилен, претежно од северен правец. На планините над 1300–1400 метри надморска височина врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Во Скопје и околината се очекуваат повремени врнежи од дожд, додека на повисоките околни планини дождот ќе премине во снег. Ќе дува и засилен северен ветер.

Поради новите обилни врнежи, можно е зголемување на нивото на реките и езерата низ државата. Постојат услови и за локални поплавувања, па затоа се упатува апел до возачите за внимателно движење и избегнување на водотеци.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 10°C, додека во Скопскиот регион ќе достигнат околу 6°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни