Северна Македонија очекува трнлив пат во процесот на откажување од јагленот

И додека Северна Македонија се подготвува за во недела да го претстави својот план за одвикнување од енергијата на јаглен, РЕК Битола снемаат резерви на јаглен па мораа да додаваат лигнит како не би го запреле производствениот процес.

Се очекува земјата со 2 милиони жители да добие 3 милијарди евра поддршка од меѓународните кредитори на климатските разговори COP28 за затворање на своите електрани на јаглен и да премине кон почисто производство на енергија.

„Тоа е најголемиот предизвик од нашата независност пред 30 години па до денес. И да бидам искрен, немаме друг избор, резервите на лигнит се на крајот“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, Марко Бислимоски.

Бислимоски рече дека по 10 години од сега Северна Македонија ќе биде ослободена од јаглен, а струјата ќе доаѓа од обновливи извори и гас.

Сега од рудникот за јаглен се ископува лигнит, кој е јаглен со многу полош квалитет, но и предизвикува големо загадување.

Од друга страна на дневно ниво пристигнуваат околу 200 камиони со поквалитетен јаглен од Албанија и Грција кој се меша со домашниот лигнит и на тој начин разботат трите единици во централата со капацитет од 700 мегавати (MW).

Според новиот договор ќе се затворат две централи на јаглен во земјата, а нивниот капацитет ќе се замени со енергија од 1,7 гигавати (GW) од обновливи извори.

Јагленот сè уште претставува 40 отсто од изворот на енергија, според Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), која заедно со Светската банка исто така го поддржува договорот.

„Во нашиот случај, големи хидроцентрали и искористување на сончевиот потенцијал се најдобра комбинација за да се ослободиме од јагленот во иднина“, рече Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во државното претпријатие за електростопанство ЕСМ.

Обединетите нации во 2018 година го прогласија главниот град на Северна Македонија, Скопје, за најзагаден во Европа. Земјата работеше со години на откажување од јаглен, но плановите беа одложени во 2021 година, кога Европа се соочи со енергетска криза поради војната во Украина и Скопје мораше повторно да ја отвори заспаната електрана Осломеј на јаглен за да го намали увозот на електрична енергија.

Фросина Антоновска, службеник за енергетска и климатска политика од НВО CAN Europe, го поздрави планот, но и ја критикуваше владата дека го држи во тајност.

„Од прв ден треба да имаме целосна транспарентност“, рече Антоновска.

Во изминатите две години Северна Македонија успеа да произведе 600 MW од нов капацитет на обновливи извори, главно од сончева енергија.

Извор: reuters.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни