Северна Кореја денеска лансира најмалку две балистички ракети од Пјонгјанг во Јапонското Море.
Сеул и Токио ја критикуваа лансирањето на ракетите, пренесува Ројтерс.
Канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, соопшти дека одржала итна безбедносна конференција и повика Северна Кореја да престане со „провокативни дејства кои ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации“.
