Северна Кореја: „Златната купола“ е опасност што може да предизвика нуклеарна војна во вселената

Северна Кореја остро ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување нов ракетен одбранбен систем наречен „Златна купола“, оценувајќи дека станува збор за „многу опасна“ закана која би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја објави меморандум со кој ја информира меѓународната заедница дека создавањето на нов американски одбранбен систем претставува „заканувачки чекор“ со цел загрозување на стратешката безбедност на државите кои поседуваат нуклеарно оружје, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и дека сакаат да ја претворат во „потенцијална зона за нуклеарна војна“.

Доналд Трамп минатата недела ги соопшти новите детали за проектот и најави дека ќе се издвојат 175 милијарди долари за развој на системот „Златна купола“, кој го нарече „клучен за успехот и опстанокот на САД“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни