Северина задржана за испрашување на српската граница, ја прашувале за Сребреница и протестите

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ синоќа била задржна на српската граница поради нејзини спорни изјави, пишуваат српските и хрватските медиуми. Полицијата ја испрашувале за нејзините ставови за Сребреница, операцијата „Олуја“, Јасеновац, Туѓман, но и зошто ги поддржува протестите против ископување на литиум.
Фото: severina.com

Северина била застаната на границата во 19:35 часот, каде што ја држеле се до 23:35 поради што го пропуштила својот настап. Таа побарала да ѝ се вратат документите и да ѝ се овозможи да се врати во Хрватска.

Како што јавуваат медиумите на Северина пред да влезе во Србија била испрашувана поради нејзини спорни изјави во врска со Сребреница, „Олуја“, но и за актуелните протести во Србија против рудниците за литиум.

Како што објавија од „Екостаза“, полицијата се осврнала на нејзина објава на социјалните мрежи, прашувајќи ја зошто на објава на фотографија од протестите против рудниците за литиум напишала дека сака „таква Србија“.

За хрватските медиуми, пејачката изјавила дека на сослушувањето ја прашувале што мисли за Сребреница, за операцијата „Олуја“, зошто ги поддржувала протестите против ископуваето на литиум, а ја прашувале и за Јасеновац, па дури и за Туѓман.

„Србијо, те сакам и сакам што побрзо да станеш демократска. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој не се повлече од власта. Сите добро знаеме кој“ изјавила Северна за Јутарњи лист.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни