Северина посвети песна на српските студенти: Така е сине кога ситна багра ќе дојде до власт

Популарната хрватска пејачка Северина во финалето на пејачката емисија „Суперстар“ ја отпеа песната „Tako ti je sine moj“ која ја посвети на студентските протести во Белград.

Пејачката на социјалните мрежи објави дека конечно ја завршила новата песна, која почнала да ја пишува на почетокот на годината. Но, долго време ја немала инспирацијата, која сега ѝ ја дале студентите во Србија.

„После долго време ја напишав песната која премиерно ќе ја изведам денеска во финалето на Суперстар. Тоа е лекција што мајката ја кажува на своето дете. Почнав да ја пишувам на почетокот на годината, за да ги ‘истресам’ тагата и гневот што ме обзеде по одлуката на Врховниот суд, во која велат дека треба да ми се одземе детето поради ‘процедурална грешка’. Тогаш таа ми изгледаше тажна, а јас не се грижев за ништо, па ја оставив настрана. Неодамна се навратив на неа, го сменивме аранжманот и ја завршив инспирирана од убавата и храбра младина во Србија, која се бори за правда и не сака да си ја продаде честа“, напиша Северина.

По изведувањето на песната, Северина изјави дека песната ја посветила на борбената младина, особено на студентите во Србија.

Северина пред неколку месеци истакна дека нема намера да патува во Србија се додека на власт е Александар Вучиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни