Северија на Инстаграм сподели видео од новогодишниот концерт во Сараево, каде настапи пред повеќе од 55 илјади луѓе. Покрај тоа што му оддаде признание на сараевскиот дух, во објавата сподели и силна порака за трагедиите кои неодамна го потресоа регионот, посебно спомнувајќи го масовното убиство на Цетиње во Црна Гора.
„Сараево никогаш не се предава“
„Сараево е отпорност. Сараево е надеж. Сараево никогаш не се предава. Сакав на концертот да оддадм почит на таа сила на сараевскиот дух на видео ѕидот со снимки од Музејот во кој се наоѓаат играчки, маички, љуљашки на деца кои ја доживеаа војната… Во ова време на конфликти и масовно страдање на децата во војни, Сараево има вредна моќ на знаење, преживување и продолжување со животот по незамисливиот губиток. Музејот во Сараево го чува тоа знаење: спомени на луѓето кои пораснале во време на војна, губеле највредни работи, но духот не им дозволил да се изгубат себе, светлината на надеж која ја дава приказната која сè уште не е завршена“, порачала таа.
„Затоа за песната Родено мое снимивме изложби од овој музеј. Да се сетиме на тој отпор на отпорноста и моќта на надежта. И да кажеме дека секое дете, било каде, кое трпи неправда, насилство и омраза – е родено во ова наше едно човештво, дека секое е родено наше. Чувајте ги подобро“, изјави таа.
Северија веќе се огласи и за трагедијата на Цетиње. На Инстаграм стори сподели емоционална објава од босанскиот уметник Харис Јусович и додала емотикон на скршено срце.
„Цетиње. Па зар повторно?! Така влегуваме во 2025. година… Многу ми е тешко“, пишува во оригиналната објава.