Северина: Не одам во Србија додека диктаторот ѝ е на власт

Фото: severina.com

Хрватската пејачка, Северина Вучковиќ на социјалните мрежи го сподели своето искуство од запирањето на српската граница и порача дека нема веќе да патува во Србија, додека диктаторот е на власт, но исто така ги повика хрватските граничари, да не возвраќаат со иста мера на нејзините српски колеги.

Северина вели дека тоа што ѝ се случило на српската граница не посакува да му се случи на никој друг.

„Точно е дека имав блиска средба со органите на редот и моралот на хрватско-српската граница, од српската страна. Во неделата околу 19:45 пристигнав на граничниот премин Бајаково на српската страна со својот менаџер. Требаше да пеам на еден 18. роденден, но судбината тоа не го сакаше“ пишува Северина.

Таа додава дека при прегледувањето на документите, граничниот полицаец побарал од нив да застанат настрана, по што нејзината српска адвокатка веднаш повикала гранична полиција, но безуспешно.

„Неколку часа бевме оставени на страна, да седиме во автомобилот. Тогаш тргнав во зградата на граничната полиција барајќи тоалет, па ми кажаа дека чекаат инспектори од републичкото Министерство за внатрешни работи кои патуваат од Белград. Тогаш сфатив дека станува сериозно“ вели Северина.

Пејачката пишвуа дека инспекторите пристигнале околу 22:15 и дека прво 45 минути детално ѝ го провериле автомобилот и дека барале оружје.

„Ме прашуваа каде одам и дали имам работна дозвола за настап, а потоа и ме одведоа во зградата на полицијата на разговор. Во автомобилот не пронајдоа ништо спорно. На испрашувањето, без објаснување ми поставуваа прашања што мислам за Сребреница, за Олуја, зошто сум ги поддржала демонстрациите против ископувањето на литиум и сум напишала дека тоа е Србија која ја сакам. Прашуваа и за Јасеновац, а стигнаа и до Туѓман“ вели Северина.

Таа додава дека полицаецот, бил во 30тите години, постојано се обидувал да ѝ каже дека само ја врши своајта работа, бидејќи таа е јавна личност и има влијание врз јавноста, а таа му одговорила дека тоа влијание ќе го забележи откако се ќе објави во јавноста и сите медиуми ќе пренесат.

„Еден постојано излегуваше за време на испитувањето, бидејќи некој го бараше на телефон, веројатно да му даде дополнителни инструкции, па се враќаше со нови и нови прашања. Прашањата на кои обично историчарите даваат одговори“ вели Северина.

Таа додава дека на прашањата за Сребреница им рекла дека може да изгуглаат што зборувала, додека доаѓал накај границата, па го упатила да ги прогугла и изјавите на Милорад Додик од 2004 година во емисијата на Сенад Хаџифејзовиќ, кога рекол дека тоа во Сребреница било геноцид.

„Му реков дека кога веќе гугла, да го изгугла и Вучиќ кој своевремено во Глина ги хушкаше Србите и им објаснуваше дека тоа им е Србија. Ги прашав органите на редот зошто не го уапсиле германскиот канцелар Олаф Шолц кога неодамна им беше во посета, бидејќи и Германија гласаше во Обединетите нации за резолуцијата за Сребреница?“ пишува Северина.

Пејачката додала дека српскиот претседател бил министер за информирање на Милошевиќ, но очигледно не ги информирал добро.

„Потоа ми рекоа дека не сум им лесна за разговор. Не сум им лесна? Во еден момент одлучив да ја прекинам агонијата со органита на редот и очигледно новосрпскиот морал. Полицаецот ми велеше дека тој го симпатизира Милановиќ. Јас му реков дека ми е мило, но дека јас нивниот претседател не го симпатизирам“ пишува Северина.

Пејачката додава дека таа ја сака Србија, акде што 100 илјади Срби протестираат за заштита на околината и да ја сочуваат својата земја, а оној кој моментално е на чело на Србија нема со нејзиното малтретирање да го оттргне вниманието од проблемите кои ги мачат Србите во Србија.

„Се обидов на органите на редот да им објаснам дека нивниот лидер, за кој ми рекоа дека е избран на избори, најголем ‘Усташ’ за Србите. Протера од државата стотици илјади Срби кои избегаа од неговата политика и економија. Остатокот кои ги држи во државата, а сега планира да ги труе со литиум, ги покори преку медиумите кои ги држи во шака поупорно и посилно и од самиот Путин, кој му е еден од најголемите идоли“ вели Северина.

Таа додава дека кога започнале да ја испитуваат што мисли за силувањето на жените и за тоа што се избркани Срби од Хрватска, таа одговориле дека секоја жртва е тешка, но и дека ја прекинува претставата и побарала да ѝ се вратат документите.

„Им кажав дека никогаш веќе нема да дојдам во Србија додека тој е на чело, добро знаете кој. Неколку пати полицаецот ме молеше да не го правам тоа, ми објаснуваше дека слободно можам да влезам во Србија. Само му додадов на своите надредени да им порача дека испаднале глупави и дека ќе постигнат само контраефект, а јас од Србија не живеам“ вели Северина.

Пејачката се обидела да дознае и кој го нарачал ова испитување, но полицајците ја убедувале дека тоа е редовна контрола.

„Се обидов да им објаснам неколку пати дека секој има право на свое мислење, дека вербалниот деликт е укинат со укинувањето на комунизмот. И дека ми е жал за сите нив, дека ги сакам, дека Србите се чесен и добар народ, но дека власта им е грозна и дека никогаш не рекла дека Србите се геноцидни, туку тоа го измислиле медиумите на Вучиќ, како што со години измислуваат лаги за сите кои се спротивставуваат на режимот“ пишува Северина.

Пејачката на крајот им испеала стихови од Балашевиќ:
„Одамна ти заседна ѓаволот на прагот, земјо Србијо,
Не помни никој жив толку несреќи за еден везир,
Наоколу, комшиите креваат бедеми од јад и презир,
Вакво нешто уште не било, мм-мм,
на лудите им е мило, а другите се кријат“.

„И им реков, ‘итно ви треба нов Балашевиќ’. Србијо, те сакам… и сакам што побрзо да станеш демократска. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој не се повлече од власта. Сите добро знаеме кој. А и каква е таа државна власт кога се плаши од моето мислење?“ заклучува Северина.

Извор: Рацин.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни