Севдалинките станаа заштитено културно наследство

УНЕСКО ги вклучи традиционалните босанскохерцеговските песни, сведалинки, на листата на светско нематеријално културно наследство, потврди во средата министерката за култура на Федерацијата на Босна и Херцеговина Сања Влаисављевиќ, нагласувајќи дека тоа е резултат на долгиот процес на докажување на вредноста на овој специфичен музички израз.
Фото: fitore/DeviantArt

Вклучувањето на севдалинката во списокот на светско нематеријално културно наследство беше составен дел од дневниот ред на седницата на Меѓувладиниот комитет за нематеријално културно наследство што се одржува во Парагвај. „Целиот овој процес траеше со години“, изјави Влаисављевиќ за новинарите во Сараево.

Досега, Босна и Херцеговина успеа да ги добие ткаењето Змијањски вез, копаничарството од Коњиќ, берењето врба во Озрен, обичајот за косење во Купес и преку сериска номинација, и одгледувањето на коњи Липицанер на листата на УНЕСКО.


Во подготовката на номинацијата на севдалинката учествуваше Тамара Карача Бељак, професорка на Музичката академија во Сараево, која потсети дека пред севдалинката да се впише во УНЕСКО биле направени бројни музиколошки и културни студии. Подготовката на номинацијата започна во 2012 година по иницијативата на здружението на музички уметници од Тузла.

„Немаше да има ништо од номинацијата доколку немаше поддршка од изведувачките и изведувачите на севдалинката. Влезот на севдалинката ни отвори многу врати и покажа дека и други форми на традиционална музика од Босна и Херцеговина можат да се најдат на истиот список на УНЕСКО “, рече Карача Бељак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни