Сесил Меклорин Салвант го отвори 43-тото идание на Скопскот џез фестивал

Американска џез-пејачка настапи со својот квартет и ја одушеви публиката со својот настап во преполната сала на Националната опера и балет

Со концерт на Сесил Меклорин Салвант, американската џез-пејачка и трикратна „Греми“ лауреатка, вчера вечер, во Националната опера и балет во Скопје започна 43-тото идание на Скопскот џез фестивал.

Американска џез-пејачка настапи со својот квартет и ја одушеви публиката со својот настап во преполната сала на Националната опера и балет.

Во 23 часот во Младинскиот културен центар настап имаше македонскиот состав Next to Silence, a Кирил Кузманов ја доби наградата за најдобар млад џез музичар на Фестивалот.

Вечерва, настап ќе имаат бендовите „Rodrigo amado the bridge“ и „The end“ во Национална опера и балет со почеток од 20 часот. Во сабота, на истото место и во исто време изведба ќе има пијанистот и композитор Давид Вирелс, а по него корнетистот Роб Мазурек. Во МКЦ пак ќе настапи саксофонистот, гитарист и вокалист Алабастер Деплум.

Во рамки на фестивалот ќе се оддржи и работилница за џез за деца на 19 отомври со почеток од 12 часот во Европската куќа во Скопје

Скопје џез фестивал оваа година ќе го затворат Никол Мичел и Марк Сандерс, како и џезерите од групата „Fire! Orcherstra“ на 20 октомври во Националната опера и балет со почеток од 20 часот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни