Сесил Меклорин Салвант утревечер во 20 часот во Национална опера и балет, ќе го отвори годинешниот Скопски џез фестивал, кој започнува на 17 октомври и ќе трае до 20 октомври. Веднаш потоа ќе настапат „Next to silence“.
Во склоп на придружната програмата на фестивалот, вечерва во 19 и 30 часот во галеријата на МКЦ ќе се отвори изложбата „Radical Chimeras“ на Роб Мазурек на која има звучни принтови, слики, скулптури и инсталација. Во кино Фросина од 21 часот ќе се прикаже документарниот филм „Miles Davis: Birth of the Cool“.
На 18 октомври, петок, настап ќе имаат бендовите „Rodrigo amado the bridge“ и „The end“ во Национална опера и балет со почеток од 20 часот. Утредента на истото место и во исто време изведба ќе има пијанистот и композитор Давид Вирелс, а по него корнетистот Роб Мазурек кој доаѓа од авангардната сцена во Чикаго од 1990-тите години. Во саботата од 24 часот во МКЦ ќе настапи саксофонистот, гитарист и вокалист Алабастер Деплум.
Во рамки на фестивалот ќе се оддржи и работилница за џез за деца на 19 отомври со почеток од 12 часот во Европската куќа во Скопје
Скопје џез фестивал оваа година ќе го затворат Никол Мичел и Марк Сандерс, како и џезерите од групата „Fire! Orcherstra“ на 20 октомври во Националната опера и балет со почеток од 20 часот.