Сер Алекс Фергусон прогласен за технолошки вишок во Манчестер Јунајтед

Сер Алекс Фергусон повеќе нема да добива годишна плата од 2,82 милиони долари од Манчестер Јунајтед, откако стана еден од 250те вработени на тимот кој добија отказ како обид на сопствениците да ги намалат трошоците.
Фото: Andrea Sartorati, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Улогата на Сер Алекс Фергусон како глобален клупски амбасадор на Манчестер Јунајтед завршува како дел од мерките за намалување на трошоците од INEOS.

Атлетик потврди дека најуспешниот менаџер на Манчестер Јунајтед повеќе нема да добива годишна плата од 2,82 милиони долари преку неговиот амбасадорски договор, договор што беше склучен во октомври 2013 година. Одлуката е само последна во мисијата на основачот и извршен директор на INEOS, Сер Џим Ретклиф за намалување на трошењето.

Фергусон имал состанок со Ретклиф на Олд Трафорд каде што новиот малцински сопственик на Јунајтед открил дека клубот повеќе нема да ја поддржува улогата и платата на Фергусон.

Адам Крафтон објави дека извори од Јунајтед рекле: „Случајот е решено спогодбено и Фергусон ќе остане неизвршен директор во клубот и ќе биде добредојден да присуствува на натпреварите“.

Мнозинскиот сопственик на Јунајтед, семејството Глејзер, го почитуваше договорот со Фергусон во последната деценија како мал начин да ја почитува легендата на клубот. Во 25-те години на Фергусон како менаџер на „црвените ѓаволи“, тој освои 13 титули во Премиер лигата и две титули во Лигата на шампионите. Јунајтед нема освоено ниту еден трофеј од неговото заминување во 2013 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни