Септември: Месецот на жетвата, чудните празници и тајната историја

Иако го поврзуваме со крајот на летото и враќањето на работа и училиште, септември крие многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.

Од празници до чудни суеверија ова е месец богат со необични приказни и заборавени традиции.

Иако денес е деветти месец во годината, името септември потекнува од латинскиот збор septem, што значи „седум“. Причината е едноставна – во стариот римски календар, годината започнувала во март, па септември бил навистина седми месец.

Месец на полната жетвена месечина и астрономски рамнотежи

Септември го носи и т.н. „царска месечина“, именувана од американските староседелци според времето на жетва. Ако полната месечина падне најблиску до есенската рамноденица (околу 22 септември), тогаш се нарекува и „жетвена месечина“. На овој ден, денот и ноќта се речиси подеднакви насекаде во светот – вистинска астрономска рамнотежа.

Во САД, септември започнува со Денот на трудот, а неговите корени се поврзани со голем железнички штрајк од 1894 година. Како резултат на работничките протести, Конгресот го прогласил празникот со цел да се оддаде признание на работничката класа.

Историски настани што го обележале септември

Покрај големите познати настани како почетокот на Втората светска војна (1939) и терористичките напади на 11 септември 2001, септември крие и помалку познати, но фасцинантни случки:

  • На 25 септември 1690 година, во Бостон излегува првиот американска весник – Publick Occurrences Both Forreign and Domestick. Набргу билзабранет откако ги критикувал британските сојузници Мохок Индијанците и кралот Луј XIV на Франција.
  • На 1 и 2 септември 1859, се случила најголемата позната соларна бура, позната како Керингтонов настан, која предизвикала северни светлини и прекин на телеграфската комуникација низ целиот свет.
  • На 27 септември 1888, за првпат се појавува озлогласениот прекар „Џек Мевосек“ во писмо испратено до лондонската новинска агенција.
  • На 21 септември 1995, Индија била сведок на масовни „чудесни“ – статуи на богот Ганеш. Настанот привлече милиони луѓе во храмови ширум земјата.

Во Шкотска и Ирска, Михољден (Michaelmas) – 29 септември – бил ден кога се јадело гуска, се дарувале маргаритки, а некои дури и симболично „позајмувале“ коњ од соседите за една ноќ – традиции што симболизираат премин кон студениот период.

Во Кјото, Јапонија, последниот понеделник во септември се слави Фестивалот на чешлите (Kashu Matsuri) – посветен на традиционалните јапонски украси за коса. Фестивалот вклучува танцови перформанси, симболично погребување на чешли и модни дефилеи низ историјата на јапонската фризура.

Според фолклорот, на денот на Михољден, ѓаволот бил протеран во пеколот и паднал врз капини. Во гневот, плукал врз нив и ги проколнал. Така, според легендата, по 29 септември капините стануваат отровни. Затоа, во некои краишта, овој ден се нарекува и „Национален ден на отровни капини“.

Септемвриски денови за насмевка

  • 26 септември е посветен на Џони Аплсид, легендарниот американски засадувач на јаболкови дрвја.
  • На 19 септември, подгответе го пиратскиот вокабулар – се слави „Меѓународниот ден на зборување како пират“.
  • А на 24 септември, љубителите на граматиката и книжевноста го одбележуваат Националниот ден на интерпункцијата – совршен момент за дебата дали е време да се укине точка-запирката.

Извор: History

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни