Сенегал стана првата африканска репрезентација во фудбал што ја има поразено Англија

Иако поведе со голот на Кејн уште во седмата минута, Англија прими три гола (Сар 40′, Диара 62′ и Сабали 93′) и со пораз го заврши мечот

Додека фудбалска Европа ги следеше квалификациските мечеви за пласман на СП, фудбалерите на Сенегал испишаа историја.

Имено, тие во пријателски меч ја совладаа репрезентацијата на Англија со резултат 3:1 и со тоа станаа првата африканска нација која го победила „Гордиот Албион“.

Иако поведе со голот на Кејн уште во седмата минута, Англија прими три гола (Сар 40′, Диара 62′ и Сабали 93′) и со пораз го заврши мечот

Сенегал по синоќешниот дуел е без пораз 24 натпревари, додека Англија во 22 меча против африкански репрезентации го забележа првиот пораз.

Но, овој пораз Англија мора брзо да го заборави затоа што по летната пауза ќе продолжи со квалификациите за СП во нималку наивната група каде за противници ги има селекциите на Албанија, Србија, Летонија и Андора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни