Сенатот на САД повторно го одби привремениот буџет – 14-ти пат по ред

Американскиот Сенат повторно не успеа да го усвои привремениот буџетски предлог за финансирање на владата, кој претходно беше одобрен од Претставничкиот дом, со што кризата околу буџетот влезе во 35-тиот ден и стана најдолгата блокада на владата во историјата на САД, јавува NBC News.

На процедуралното гласање, предлогот доби 54 гласа „за“ и 44 „против“, што е под потребното мнозинство од 60 гласови за негово усвојување. Ова е 14-ти пат по ред како Сенатот го одбива привремениот буџетски акт испратен од Претставничкиот дом.

Меѓу оние кои гласаа „за“ беа демократските сенатори Кетрин Кортес Масто од Невада и Џон Фетерман од Пенсилванија, како и независниот сенатор Ангус Кинг од Мејн, кој гласа со демократскиот блок. Единствениот републиканец кој се приклучи на гласањето против беше Ранд Пол од Кентаки.

Продолжувањето на блокадата значи дека многу федерални институции остануваат без финансирање, илјадници вработени се без плата, а јавните услуги се изведуваат со минимален капацитет. Според американските медиуми, партиските поделби меѓу демократите и републиканците околу прашања како јавниот долг, трошоците за одбраната и социјалните програми остануваат клучна пречка за постигнување компромис.

Белата куќа изрази загриженост поради долготрајната блокада, предупредувајќи дека продолжената политичка парализа може да има сериозни последици за економијата, особено доколку не се најде решение во следните недели.

Извор: Tanjug.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни