Американскиот сенатор Гари Питерс денеска изјави дека поморската база во Гвантанамо, што ја користи американскиот претседател Доналд Трамп за сместување на мигранти, чини 100.000 долари дневно по притвореник и ја осуди како класичен пример за расипничко трошење владини пари.
Питерс ја праша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем да даде информации за високата цена, што е далеку повисока од 165 долари дневно колку што чини задржувањето во центрите за притвор на имигранти во САД.
Тој, исто така, праша зошто притворените биле испраќани во американската поморска база на Куба, а потоа вратени во САД на сметка на даночните обврзници.