СЕММ: Усвоена регионална декларација за етичка и транспарентна употреба на Вештачката интелигенција во медиумите

Советите за етика во медиумите во земјите на Западен Балкан и Турција деновиве усвоија Регионална декларација за етичка и транспарентна употреба на Вештачката интелигенција во медиумите.

Главната порака во Декларацијата до новинарите во регионот е дека ВИ треба да служи како алатка што ги поддржува новинарите и редакциите, но никогаш како замена за човечката проценка, професионалниот суд или уредничката одговорност.

Нацрт- декларацијата за етичка употреба на ВИ во медиумите, како што информираат од СЕММ, ја зацртала професорката по стратешки комуникации, Марина Тунева, додека учесниците на регионалниот состанок, низ дводневната работа, ја утврдиле конечната содржина на документот. 

Целиот текст на Регионалната декларација за етичка употерба на ВИ во медиумите може да го погледнете на следниот линк.

На состанокoт што се одржал во Охрид од 19 до 20 мај, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), а под покровителство на УНЕСКО, учествувале претставници на медиумските саморегулаторни тела од Црна Гора, Албанија, Србија, Косово и Турција, обединети во регионалниот проект „Градење доверба во медиумите во ЈИ Европа: поддршка за новинарството како општо добро“, поддржан од УНЕСКО, а финансиран од Европската Унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни