Семките од тиква имаат многу придобивки за вашето здравје
Семките од тиква се наоѓаат во центарот на плодот од тиква, а печени можат да се јадат како додаток во салати, можете да ги посипете врз вашето омилени проички, мини-гибаници, или можете да ги грицкате.
Тие се богати со протеини, масти, влакна, магнезиум, а исто така содржат калиум, цинк и железо.
Бројни научни студии докажаа дека семките од тиква се многу здрави и можат да помогнат во спречувањето на многу болести.
5 причини да јадете семки од тиква почесто
Го балансираат нивото на шеќер во крвта
Студијата што ги истражува придобивките од семките од тиква во комбинација со ленено семе откри дека тие можат да бидат корисни во спречувањето на висок холестерол и регулирањето на нивото на шеќер во крвта, вели нутриционистката Никола Шубрук за bbcgoodfood.

Хипогликемичните својства на семките од тиква можат да им помогнат на луѓето со дијабетес подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
Добри се за здравјето на срцето
Семките од тиква се добар извор на незаситени масти, вклучувајќи алфа-линоленска киселина. Постојат докази дека јадењето семки од тиква може да биде корисно за срцето и да спречи кардиоваскуларни заболувања.
Студија од 2011 година, исто така, откри дека маслото од семки од тиква помага во подобрување на нивото на холестерол кај жените во постменопауза.
Понатаму, како корисен извор на магнезиум, семките од тиква можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок, но потребни се повеќе истражувања за улогата што ја игра магнезиумот во оваа област.
Богати се со антиоксиданси
Семките од тиква се добар извор на антиоксиданси, кои можат да помогнат во отстранувањето на „слободните радикали“ одговорни за оштетување на клетките.
Една научна студија откри дека семките од тиква се поврзани со значително намален ризик од рак на дојка кај жените во постменопауза во споредба со оние кои не ги консумираат, а друга студија откри дека тие можат да помогнат во заштитата и на жените во перименопауза.
Можат да го намалат ризикот од рак
Иако не постои суперхрана што може да спречи рак, постојат докази дека здравата храна може да го намали ризикот од рак.
Исхраната богата со семки од тиква е поврзана со намален ризик од одредени видови рак, вклучувајќи рак на дојка, простата и дебело црево.
Придонесува за здравјето на мочниот меур
Научните студии откриле дека маслото од семки од тиква може да има потенцијал да спречи или лекува инфекции на уринарниот тракт, но потребни се понатамошни истражувања за да се потврдат овие тврдења.