Семинар на CreArt за значењето на креативните индустрии

Во ЈУ.Детски културен центар – Карпош во Скопје на 07.10.2025 година во 9.00 часот почнува локалниот семинар CreArt – Значењето на креативните индустрии. Семинарот опфаќа панел-дискусии за значењето на креативните индустрии кои се клучен сегмент во современото општество. Во дискусијата се очекува и вклучување на учесниците за тоа какво е влијанието на  креативните индустрии врз пазарот на трудот, предизвиците со кои се соочуваат претприемачите во креативниот сектор,  потенцијалот за развој преку соработка со јавни институции и локални заедници, како и ставање на фокус на иднината на  креативните индустрии, преку призмата на дигитализацијата, младинската енергија и новите медиуми, најавува директорката на Центарот, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

Модератор на настанот е м-р Бојана Јанева – кустос. Панелисти кои ќе дискутираат во првата сесија на тема „Креативните индустрии – економски и општествен двигател“  се:

  • Мирјана Јосифоска – основачка на моден бренд Мирјана Јосифоска
  • Теодор Тодоровски – Генерален  директор на Првата македонска П2П Финтек платформа за инвестирање
  • Елена Бојаџиева Цветковска – професор и креативен директор на УМПАКИ
  • Ивана Каралиева Петреска – CEO на Бокси

Во втората сесија на тема „Иднината на креативните индустрии – млади, технологија и иновации“  ќе дискутираат:

  • Митко Апостолов  – машински инженер
  • Катерина Илијоска – еко активист и ко-основач на здружението Yess for Less
  • Илија Тирицовски  – креативен продуцент
  • Крсто Златков – советник за кариера и личен развој и консултант за маркетинг и продажба на МСП и основач на првиот самостоен кариерен центар „I“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни