Семинар на CreArt за заштита на авторски права

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска во 9.30 часот почнува локалниот семинар CreArt – Заштита на авторски права. Семинарот опфаќа панел-дискусии за проблемите со кои се соочуваат уметниците и медиумите и претставување на заштитата на авторските права, како правните механизми им овозможуваат на авторите да ја заштитат својата работа од неовластено користење – да ги заштитат своите дела, да го контролираат начинот на репродукција и начинот на нивната дистрибуција, како да обезбедат финансиски надоместок за своето творештво.

Модератор на настанот е новинарот Тони Димков. Панелисти се: д-р Ненад Гавриловиќ, професор по Облигационо право и Право на интелектуална сопственост на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ермал Криејзиу, ко-сопственик и креативен директор на маркетинг агенција Why Creative, Дамјана Патчева, виш филмолог во Кинотеката на Македонија. Јулијана Величковска, писател и преведувач, м-р Лазе Трипков, професор за Визуелни уметности и графички дизајн при Факултет за арт и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет.

Во втората сесија од 12.30 часот ќе дискутираат: м-р Јасмина Наскова, директорка на Македонската авторска агенција, адвокатката д-р Ана Пепељугоска, д-р Натали Рајчиновска Павлеска, професор на Факултетот за ликовни уметности, Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија на Македонија и д-р Валентина Велковска Трајановска од Сојузот на композиторите на Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни