Семејствата на израелските заложници ќе постават шатори на границата со Газа

Семејствата на израелски заложници поставуваат шатори на границата со Газа. Бараат ослободување на најблиските и најавуваат натамошни акции.

Членови на семејства на израелски заложници, кои се држат во Појасот Газа, најавија дека утре ќе постават шатори на самата граница со енклавата, во знак на протест и борба за ослободување на своите најблиски.

Според The Times of Israel, проектот е наречен „Пункт 50“, што се однесува на бројот на заложници за кои се претпоставува дека се уште се во живот – најмалку 20 од нив.

Шаторскиот камп ќе биде поставен на локација што е најблиску можна до заложниците, објави Форумот на семејства на заложници и исчезнати.

Покрај поставувањето шатори, семејствата денеска повикаа и на генерален штрајк, со кој изразуваат незадоволство од текот на преговорите и потенцијалното проширување на војната во Газа.

Во соопштението од Форумот се вели:

„Ќе спиеме таму, ќе се бориме од таму, и од тој камп ќе ги најавуваме сите идни акции во нашата борба да ги вратиме најмилите дома.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни