Еден од случаите е регистриран во гостиварско село, каде на 22 март во 00:30 часот бил приведен 43-годишниот Б.С., откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом. Во Неготино, пак, на 21 март во 16:20 часот, приведен е 73-годишен маж кој физички ја нападнал својата 72-годишна сопруга со тврд предмет, а ѝ се заканувал и на нивната 26-годишна ќерка. При интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со 1,20 промили.
Во Скопје, истиот ден во 13:05 часот, полицијата го лишила од слобода и 37-годишниот И.К., по пријава од неговата 19-годишна партнерка дека ја нападнал и ѝ упатувал закани по животот. Дополнително, во Гевгелија 31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот сопруг, а сличен случај е пријавен и во Струмица, каде 37-годишна жена пријавила напад од сопругот.
Во Скопје се евидентирани уште два случаи. Една 43-годишна жена пријавила дека била нападната од сопругот во домот, додека 48-годишна жена пријавила дека претходно била оттурната по скалите од сопругот, по што ѝ била укажана медицинска помош.
Од МВР велат дека за сите случаи се преземаат мерки за целосно расчистување, а по нивно документирање ќе следуваат соодветни пријави.