Во последните 24 часа се регистрирани осум случаи на семејно насилство низ државата, при што полицијата привела четири лица и постапува по повеќе пријави.
На 20.03.2026 во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Д.(23) од Струмица, по пријава дека на 19.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал својата 20-годишна сопруга.
Истиот ден, во 00:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(23), кој според пријавата, во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал својата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На 19.03.2026 во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(44) од село Боговиње, по пријава од негов роднина дека подолго време му упатувал закани поради меѓусебни недоразбирања.
Во Скопје, на 19.03.2026 во 17:10 часот, приведен е К.П.(38), откако било пријавено дека во домот физички ја нападнал својата 53-годишна вонбрачна партнерка.
Истиот ден, во 17:30 часот, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетни деца.
Во 14:30 часот, 23-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Ф. повеќепати физички ја напаѓал и психички ја малтретирал во семејниот дом.
Во 23:15 часот, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот син И.И. во текот на изминатата недела ја вознемирувал, ѝ тропал на врата и ѝ се заканувал.
Во 18:25 часот, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б., со кого е во бракоразводна постапка, често ја вознемирувал, ѝ се заканувал и преку нивниот син се обидувал да дознае каде престојува.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.