Семејствата на загинатите деца во Кочани до премиерот Мицкоски: Објавете ја целосната снимка од состанокот во Владата!

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, во име на семејствата на трагично загинатите деца, испрати јавно соопштение со кое категорично го демантира премиерот Христијан Мицкоски и ја повикува Владата да ја објави целосната видео-снимка од состанокот што се одржал на 7 јули 2025 година.
Кочани

Во продолжение, ви го пренесуваме соопштението во целост:

Почитуван Премиере,

Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно реагираме и категорично демантираме дека родителите шират невистини, како што беше изјавено во Вашата објава на официјалната веб-страница на Владата на Република Северна Македонија.

Во прилог на вистината, Ве потсетуваме дека на 7 јули 2025 година (понеделник), со почеток во 17:00 часот, во Вашиот кабинет се одржа официјален состанок помеѓу Вас како премиер и мнозинството од родителите на трагично загинатите деца во несреќата во Кочани.

На истиот состанок, целокупниот разговор беше целосно документиран и снимен од Ваша страна.

Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста, чесноста и почитта кон јавноста и пред сè – кон болката на семејствата, Ве повикуваме да ја објавите целосната видео-снимка од тој состанок, без сечење, монтирање или интервенции.

Нека јавноста сама се увери во вистината.

Со почит,
Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани

Ова соопштение доаѓа во контекст на зголемена напнатост по трагичниот настан што длабоко ја потресе јавноста, а семејствата продолжуваат да бараат одговорност и целосна вистина за случувањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни