Членови на семејства на израелски заложници, кои се држат во Појасот Газа, најавија дека утре ќе постават шатори на самата граница со енклавата, во знак на протест и борба за ослободување на своите најблиски.
Според The Times of Israel, проектот е наречен „Пункт 50“, што се однесува на бројот на заложници за кои се претпоставува дека се уште се во живот – најмалку 20 од нив.
Шаторскиот камп ќе биде поставен на локација што е најблиску можна до заложниците, објави Форумот на семејства на заложници и исчезнати.
Покрај поставувањето шатори, семејствата денеска повикаа и на генерален штрајк, со кој изразуваат незадоволство од текот на преговорите и потенцијалното проширување на војната во Газа.
Во соопштението од Форумот се вели:
„Ќе спиеме таму, ќе се бориме од таму, и од тој камп ќе ги најавуваме сите идни акции во нашата борба да ги вратиме најмилите дома.“