Селин Дион на својот Инстаграм профил ја одбележа деветгодишнината од смртта на својот сопруг Рене Азелил, споделувајќи емоционална порака и фотографија со своите синови.
„Ти недостигаш, Рене. Ти беше мојот најголем шампион, партнер и најголем поддржувач“, напиша пејачката во постот.
На фотографијата, која привлекла внимание на социјалните мрежи, синовите на Селин, Рене-Чарлс и близнаците Еди и Нелсон, многу личат на нивниот покоен татко, особено по стилот на облекување и изгледот.
Иако пејачката долго време не ги покажуваше своите деца во јавноста, сега ја придружуваат на настани, а таа најчесто е со Рене-Чарлс.
Селин и Рене беа во брак 22 години, а по неговата смрт во 2016 година, таа се соочи со сериозни здравствени и семејни трагедии, вклучително и со смртта на нејзиниот брат. Во 2022 година, Селин беше дијагностицирана со ретка невролошка болест наречена синдром на вкочанета личност.