Селена Гомез со порака до хејтерите: Не е срамота да си ранлив

На настанот Жени во филмот, актерката и пејачка, Селена Гомез им порача на сите што ја гледаат како жртва поради нејзините дијагнози – да одебат.
Фото: Инстаграм

„Да, споделив со светот дека не можам да се породам. Да, споделив и дека имам биполарно растројство. Одебете! Тоа е мојот живот, тоа сум јас“ вели Гомез на видеото кое се шири на социјалните мрежи.

„Затоа сакам да бидам искрена. Затоа што секој поминува низ нешто. Мојот живот не е совршен. Јас сум јас и тоа е се што можам да бидам“, вели Селена Гомез, која дава поддршка на сите жени кои имаат проблеми во животот.

Селена со години боледува од лупус. Оваа болест дијагностицирана ѝ е во 2014 година, а три години подоцна поради оваа состојба заврши со трансплантација на бубрег. Покрај лупус, Селена се бори и со биполарно растројство, поради што се посветила на подигање на свеста за важноста на менталното здравје. Поради лекарствата кои ги прима за нејзините состојби, таа кажа дека нема да може да раѓа деца.

“Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да раѓам деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето”, изјави таа неодамна за Vanity Fair.

Неодамна таа официјално стана една од најмладите милијардери во САД. Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако првенствено е позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од брендот за шминка Rare Beauty, кој го лансираше во 2020 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни