Селена Гомез откри дека не може да раѓа и дека е благодарна што постојат алтернативи за да стане мајка

Популарната пејачка Селена Гомез откри дека поради здравствени причини нема да може да роди дете, истакнувајќи дека е благодарна на тоа што постојат алтернативи.
Фото: Инстаграм

„Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да ги носам своите деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето“, изјави таа за Vanity Fair.

„Одлично се справувам со тоа. Сметам дека е благослов што има прекрасни луѓе кои се подготвени да учествуваат во сурогат мајчинство или посвојување, што се одлични можности за мене. Благодарна сум за алтернативите за луѓето кои навистина сакаат да станат родители. Јас сум една од тие луѓе, едвај чекам да видам како ќе изгледа тој пат, иако ќе биде малку поинаков. Но на крајот на краиштата, не ми е ни важно. Детето ќе биде мое“ рече Гомез.

Пејачката веќе извесно време е во врска со Бени Бланко, а многумина шпекулираат дека се свршени. Селена и нејзиното момче сè уште официјално не ја потврдија веста за нивната свршувачка или можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да основа брак и семејство со Селена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни