„СЕЛЕКТИРАНИ – дел 2“, дела на селектираните уметници на ОСТЕН Биенале Скопје 2024

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави

Во вторник на 29 октомври во 19 часот во Галерија Остен, Скопје ќе се одржи отворање на изложбата „СЕЛЕКТИРАНИ – дел 2“ каде ќе бидат претставени делата на дел од селектираните уметници на ОСТЕН Биенале Скопје 2024.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави и тоа Полска: Евелина КОЛАКОВСКА, Јоана СТАСИЈАК, Олга ЗАБРОН, Пјотр ШЕВЧИК, Ана КОЏ, Рафал УРБАНСКИ, Елзбиета ГИБУЛСКА Романија: Сорин СКУРТУЛЕСКУ, Андреа РУССрбија: Милош ЃОРЃЕВИЌ, Милан МАНИЌ, Катарина НЕДЕЉКОВИЌ.

Сите изложени дела се дел од колекцијата на ОСТЕН. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни