Во организација на „Заедно посилни“, здружение на луѓето кои живеат со ХИВ, во Europe Нouse Ѕkopje на 16 април во 18 часот ќе се одржи панел дискусија и изложба на 20 дела изработени од студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет и ќе се зборува за сексуално преносливите инфекции, ХИВ и општото сексуално здравје кај младите.
Панелисти на настанот ќе бидат: Румена Ѓердовска Којчески, дипломиран социјален работник, вработена во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрлни состојби Скопје во Советувалиштето за ХИВ, Андреј Сених, извршен директор на „Заедно посилни“, здружение на луѓето кои живеат со ХИВ и Милена Качаниклиевска, активна волонтерка, врсничка едукаторка по сеопфатно сексуално образование, а во едно и младински претставник во Управниот Одбор на ХЕРА од 2024 година.