Секс на песок

Мајлер пишува за Физиологијата на љубовта. Кит со пенис од два метра како се одмора. Лилјак-пенис либре. Животни кои имаат коска во пенисот. Значи стои тврд како коска…”За среќа”, вели Гурмонт, “кај човекот се има загубено коскената структура”. За среќа? Да, за среќа. Замислете ја само човековата раса како оди по светот со исправена коска. Кенгурот има двоен пенис-еден за работни денови и еден за празници.

Хахаха!

фото: Gatsi / Getty Images

Ги одвоив двата брега и почнав да ги пеглам згужваните крпички, прво со прстите, па со јазикот и на крајот со еднооката пегла. Во собата 303 на Дарквуд дед. Тесниот залив прво се повлекуваше како плажа од осеката на океанот, бегаше пред моите обиди да ги расклопам листивите како марамче од реверот на некој гроф, но потоа сама почна да се набива и врти лево десно и горе доле, во еден па во друг правец, но никогаш до крај, како да правеше некакви осмици. Месните листови беа влажни. Ја галев по градите отворени кон надвор, и ги цицав чоколадните брадавици изрезбрени како богати дудинки. Имаше какао тен. Што за мене беше посебно возбудливо. Тргнав да влегувам малку од високо, мислев дека замената на моите прсти со едноокиот џек ќе ја возбуди повеќе, но, не, само ме притисна па задникот и се испрчи во карлицата. Господинот влезе лесно, меко, длабоко. Во царството на блаженството. Не беше гласна туку заматена и повнатрешнета во звукот што го испуштатше и тоа уште повеќе ме возбудуваше. Мислев дека ќе и ја превртам матката, но таа го следеше моето присуство во себе на некој феноменален начин, никогаш немав чувство дека влегувам во нешто што е премногу отворено и раскравено, обратно, контракциите на влезните врати ме затвораа во нејзиниот трезор, па ме пуштата, секогаш допирот на телата беше идеален, до еден момент мојот орган како да стана нејзина сопственост, неверојатно возбудливо оттуѓување пред самиот крај.

Жената беше од оние што не се срамат, не се плашат, не се трудат, не се мачат. Има такви жени. Кои на сексот му пристапуваат нормално, како на добра вечера, убаво вино, добар филм, интересна прошетка, а тоа значи, како кон нешто што ги хармонизира чувства потреби и нтереси, пред се со неа, а потоа со партнерот.

Без задршки и без други обзири.

Без напори.

Тој ден лежевме голи на плажа. Агиос Јоанис, на Пелион.

Плажата Аиос Јоанис

Голема плажа со ситен монистричен шљунак, чист како од дуќан за дијаманти. Но, кон сенките под ридот од костени- песок. Ситен. Имаше уште некои луѓе расфрлани на по двеста метри. Таа лежеше гола на грб, јас исто така бев гол, но потпрен на еден душек на метар од неа, читав некоја книга. Имав блага ерекција. Таа ме чешкаше по јајцата, некако незаинтересирано, отсутно, како да си игра со ракатка песок. Но, едно време почна со десната рака да ме чепка по шупакот кој не и беше лесно достапен. Не се обиде да влезе, само околу вртеше, и јас осетив како едноокиот расте и се стврднува. Го гледав процепот на обезвлакнестиот брег преку страницата на Гомбрович, таа лежеше на грб и нозете и беа споени. Сома благ розев плиток меснест засек. Тоа ми делуваше необично иритантно, во смисла,возбудливо, повеќе, отколку низа поексплицитни пози. Само ја спуштив книгата, се свртев на левото рамо, со деснаа рака ја отворив, беше мокра се до анусот, ја лижев, ми идеше да и го скинам клиторисот и да и го иплукнам како две петодинарки, во стилот на Мајлер, се дував, нормално, па кренав малку преку градите, таа се сврте кон мене со ситен песок обложена како за похување и ми го набута јазикот во устата.

И ме јавна.

Сузан Сонтаг ја фрапирало тоа што еротските опсесии во христијанството избиваат во прв план. Девица со градите на Девицата мајка-жена во транс- сакан ученик во прегратката на Исус-мачено тело на маж, речиси голо (Исус, Себастијан). Традицијата на убавите голи младичи е пренесена од грчко-римската уметност во христијанството-некогаш хомоеротска сега е предмет на еротската контемолација, главно на жените, но и на мажите. Еротичноста на Свети Себастијан, да речеме, е уште поизразена во скулптура отколку на слика, за што, меѓу другото говори бројот на стрелите и местата кај што луѓето на Диоклецијан го погодиле.

Такви слики ми идеа додека таа се спушташе со газот на ситниот песок. Кој ја грепкаше и тераше да прави движења што ме водеа кон врвот.

Да се скамениме така.

Па да не изложат во Мууу Зејот на македонската борба против слободата. Грција.

Антико, да ти ги ебам сите афрoдити. Клапнав покрај неа во поза која не беше најдобра за скулптура, но, како да кажам, ми беше убаво.

Папсано убаво.

И ме болеше курот за антиката.

Пишува: Бруно Богдан

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни