„Секс, лаги и клиторис“ е предавање за сите жени кои сакаат да ја дознаат вистината зад митовите и лагите за женската сексуалност, кои општеството со години ни ги сервира.
Предавањето ќе се одржи во недела во 19 часот во „Комитет“
„Иако во последниве години во јавниот простор, преку различни прогресивни поп-кутурни формати како што се на пр. сериите, почнуваат да се пробиваат поинакви, попозитивни слики за женската секусалност, најголем дел од нас имаат пораснато во исклучително секс-негативно опкружување преполно со дезинформации, што, логично, се рефлектира на нашите ставови за сексуалноста. Затоа ова предавање се фокусира на разоткривање на различните историски митови поврзани со женската сексуалност: од митот за клиторисот и оргазмот, преку митот за невиноста и хименот до митот за согласноста и циклусот на сексуалeн одговор. Идеите за секоја од овие теми низ историјата се прилагодувани на машкиот поглед и перспектива. Затоа ова предавање има за цел, преку споделување точни информации и знаења, да им овозможи на жените да ја подобрат идејата за себеси и своите тела. Доколку имаш прашања или дилеми за некоја од овие теми, ако не си сигурна дали нештата што ги доживуваш се „нормани“ или не – ова предавање е вистинско место за тебе!“ велат организаторите.
Предавањето ќе се реализира на комбинација од српско-хрватски и англиски јазик, ќе трае околу еден час, по што, се разбира, ќе биде отворен простор за прашања и дискусија.
Предавањето ќе го води Јасна Жмак, писателка од Хрватска, координаторка на проектот Оние нешта и авторка на книгата Оние нешта – есеи за женската сексуалност.жВлезот на предавањето е на база на донација, а пријавувањето е задолжително.
Пријава на формуларот
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdm3GWKiqvnRHMrtT4jp5v5k2zXmQZQ9s-d86BW3YqJhdVYwQ/viewform