Секс игри во главата и во реалноста…

Човечкиот ум е чуден. Во еден момент се фокусирате на она што го правите, во следниот мислите ви се на сосема друго место. Често, овие мисли доведуваат до фантазии за изневерување на партнерот. Сепак, тоа воопшто не е случајно.

Дали е нормално да фантазирате за изневерување?

Како прво, не сте единствената што фантазира за тоа. Според „Journal of Sexual Medicine“, фантазирањето за секс со некој друг освен вашиот партнер е најчеста фантазија. Сосема е нормално понекогаш да се чувствувате малку несигурно или да имате случајни мисли од време на време. Меѓутоа, што ако ова постојано се повторува? Постојат неколку причини зошто може да фантазирате за изневерување.

Имате страв од приврзаност

Секој има моменти кога постојано се прашува дали ја носи вистинската одлука. Запрашајте се дали навистина се грижите за вашиот партнер и дали навистина сакате да бидете во посветена врска. Ако одговорот е да, поработете на вашите стравови и комуницирајте со партнерот.

Доживувате насобрани интензивни чувства

Ако сте во најдобрите моменти од вашата врска, може да биде чудно одеднаш да почнете да фантазирате за други луѓе. Може да биде дека едноставно доживувате секакви интензивни емоции кои се манифестираат во фантазијата за изневерување. Тоа не значи дека нужно сакате да се однесувате на тој начин.

Сексуално сте неисполнети

Ако фантазијата за изневерување е чисто сексуална, можно е вашиот сексуален живот да не е толку исполнет колку што ви треба. Но, не грижете се, сето тоа е решливо. Се што треба да направите е да разговарате со партнерот.

Има нешто што ве мачи

Можеби само сте се скарале со партнерот или ви кажал нешто што ве повредило. Наместо да се дискутира, само сте оставиле да се натрупа и претвори во нешто поголемо. Кога станува збор за мечтаење за изневерување, можно е да имате нерешени чувства со партнерот.

Вие ги потиснувате вашите фантазии

Дали разговаравте со партнерот за вашите најдлабоки фантазии? Ако ги потиснете сите ваши фантазии, тогаш тие постојано ќе се појавуваат неконтролирано. Разговорот за нив со партнерот може да ви помогне да ги надминете.

Дали мечтаењето за изневерување може да донесе нешто добро?

Иако ова не звучи така, но фантазирањето за други партнери може да донесе и некои добри работи. Првенствено, тоа ќе ви помогне да ги разберете вашите желби. Ако зборувате за нив со вашиот партнер, тогаш тоа може да ви донесе повеќе сексуално задоволство.

Извор: telegraf.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни