Секс и нова врска

Ако штотуку сте влегле во нова врска, постојат одредени работи кои мора да ги почитувате пред да имате секс.

Не е чудно што едвај чекате да се препуштите на наклонетоста кон новиот партнер затоа што сте заљубени и чувствувате пеперутки во стомакот, сепак, треба да почекате барем до петтиот состанок пред да имате секс. Секако, ова важи доколку не ве интересира само сексот, а има и објаснување.

Според најновата анкета спроведена од порталот за онлајн состаноци Singles247.com, на жената и требаат најмалку четири средби со нов маж за да проучи дали тој маж е добар „материјал за врска“. Во истражувањето учествувале 2.000 жени, а резултатите откриле дека пред спиење со нов маж, жената ќе очекува да размени најмалку 12 СМС пораки, пет долги телефонски разговори и најмалку еден букет цвеќе.

Пред нежни допири под чаршавот, парот треба да гледа најмалку три филма заедно, да размени седум страсни бакнежи и да има најмалку четири заеднички оброци.

На тој начин ќе можете да откриете дали има знаци кои покажуваат дека е нетрпелив кога е сексот во прашање и дали тоа е всушност единственото нешто што го сака од врската.

И ако мажот измери друга жена за време на заедничкото излегување, на врската речиси веднаш ќе дојде крајот – покажало истражувањето.

Извор: superzena.b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни