Речиси секоја втора куќа во Европа чува барем по едно од вкупно 340 милиони домашни миленици, се вели во извештајот на ФЕДИАФ – европска индустрија за храна за домашни миленици, за 2022 година. За нивната исхрана се искористени 10,5 милиони тони храна во вредност од 29,1 милијарди евра.
Дури 91 милион европски домаќинства, што е 46 отсто од вкупниот број, чуваат најмалку едно домашно милениче, се вели во извештајот на ФЕДИАФ за минатата година.
Најмногу се мачки, дури 127 милиони. Потоа следат 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони од групата на „мали цицачи“ кои вклучуваат хрчаци, заморчиња, зајаци… Потоа 22 милиони аквариумски риби и 11 милиони желки и други животни кои живеат во терариуми (гуштери , змии).
Индустријата за храна за домашни миленици бележи годишна стапка на раст од 5,1 отсто и моментално вреди 29,1 милијарди евра.
На ова треба да се додаде и вредноста на дополнителната опрема за домашни миленици и услугите поврзани со нив, што е уште 24,5 милијарди евра (годишен раст од 4,5 отсто).
Во европската индустрија за храна за домашни миленици директно се вработени 118.000 луѓе, додека други 950.000 работат индиректно во врска со оваа индустрија.
Податоците од извештајот покажуваат дека најмногу домаќинства имаат мачки како домашни миленици во Русија, вкупно 23,2 милиони. Следува Германија со 15,2 милиони мачки.
Најмногу кучиња како домашни миленици има, повторно, во Русија – 17,6 милиони. Следува Велика Британија со 13 милиони кучиња.
Декоративните птици за домашни миленици најмногу ги сакаат Италијанците. Имаат околу 12,9 милиони од нив. Потоа следува Турција со 11,3 мил.
Повеќето аквариумски риби ги чуваат Британците – тие имаат околу осум милиони од нив. Следува Русија со помалку од половина од оваа бројка – 3,75 милиони.
Најмногу зајаци и други мали животни од оваа група има како домашни миленици повторно во Русија, 6,6 милиони. А потоа во Германија 4,9 милиони.
Британците имаат и најмногу животни чувани во терариуми – вкупно 2,2 милиони. На второ место е Русија со 1,08 милиони.
Во Полска 49 отсто од домаќинствата имаат куче, во Чешка 42 отсто. Најмалку кучиња чуваат домаќинствата во Турција – само пет проценти. Во исто време, 15 отсто од домаќинствата во оваа земја имаат мачка.
Сепак, најмногу мачки чуваат жителите на Романија – речиси секое второ домаќинство, поточно 48 проценти. Следна е Полска, каде 40 отсто од домаќинствата имаат мачка.
Граѓаните на Грција имаат најмалку мачки како домашни миленици – само 14 проценти од домаќинствата.
Извор: N1