Секој хороскопски знак има своја причина зошто им пропаѓаат врските

Љубовните врски завршуваат од различни причини, но хорскопот може да ви помогне да откриете и да препознаете дел од карактеристиките кои може да бидат пресудни во такви ситуации.

Овен

Иако ова е многу добар знак, често не ја покажува таа добра во својата околина. Многу пати се фокусираат само на себе и не покажуваат интерес за делење, што е голем проблем кога се бара потенцијален партнер за долгорочна среќна врска.

Бик

Иако се лојални пријатели, биковите имаат проблем да ги заборават лошите работи што им се случиле и често остануваат лути на луѓето околу себе поради работи за кои другите би рекле дека не се важни. Дури и во ситуации кога партнерот им се извинува, биковите долго им замеруваат за грешките, а таквото однесување ги оттргнува луѓето од нив бидејќи тешко може да се излезе на крај со таквите расправии.

Близнаци

Близнаците се слободоумни авантуристи кои имаат проблеми со однесувањето во врската. Тие имаат тенденција да се однесуваат како да се слободни и да прават работи без консултација со своите партнери, што никој не го сака. Нив им се препорачува пред да одлучат да прават нешто, да размислат за потенцијалните последици што тоа ќе ги има врз нивниот партнер и врска.

Рак

Наметливоста на овој знак може да биде голем проблем во врската. Иако се грижливи, во многу ситуации раковите може да изгледаат дека го гушат партнерот, што на никој не му се допаѓа, бидејќи секој сака да има свој простор.

Лав

Лавот е верен партнер, но и егоистичен и суетен. Овие карактерни особини дефинитивно не се позитивни во една врска, бидејќи се трудат да бидат најдобри и да го привлечат целото внимание на себе.


Девица

Девиците се познати по сомничавата природа и не би било изненадувачки доколку се обидат да ги проверуваат уредите на својот партнер за да видат што тој пребарува и со кој се допишува. Оваа врста на љубомора често ги уништува врските. Довербата е важна во секоја врска, а особено во љубовната. На ваквите партнери им се советува пред да ги совлада желбата за да проверат што вашиот парнтер прави на неговиот телефон, да размислите колку му верувате и зошто таа доверба е важна за врската.

Вага

Вагите се полни со надеж и верба, но често бираат партнери кои не им одговараат со надеж дека ќе ги променат во партнери какви што си замислиле. Таквиот став е лош, бидејќи никој не може да се промени освен ако не сака, а при бирањето партнери треба да се гледаат луѓето какви што се.

Шкорпија

Страста која ја води шкорпијата во животот може да стане камен на сопнување во љубовната врска. Таа го води до љубомора и лошо однесување кое ниту еден партнер нема да го толерира. Не можете да ги контролирате луѓето, а посесивноста може да доведе само луѓето кои ги сакате да се оддалечуваат од вас.

Стрелец

Стрелецот секој ден има на ум нова авантура, која може да биде интересна некое време. Долгорочно, тоа е исцрпувачки, бидејќи на луѓето им е потребно време за одмор, што стрелците тешко го прифаќаат. Дајте му на партнерот можност за застане и да се одмори.

Јарец

Јарците се многу затворени и тешко се отвораат и го покажуваат своето вистински лице, дури и на своите романтични партнери. Имаат нереални очекувања од партнерите во смисла на докажување дека се вредни за нивната доверба. Советот за јарците е наместо да го претпоставуваат најлошото за некој и да чекаат да ги разубедат, да се обидат да тргнат од точка на доверба и да им дадат прилика на луѓето да ги исполнат нивните очекувања.

Водолија

Промислени и интелигентни, водолиите се секогаш спремни за дискусија, која понекогаш може да прерасне и во расправија. Иако може да биде забавно да се биде во нивна близина, поминувањето време со некој кој има досетки за секоја случка може да биде исцрпувачко. Тоа може да доведе до расправии, а често расправиите може да доведат до заладени односи со партнерите.

Риби

Рибите се еден од хороскопските знаци што знаат да бидат водени од емоции во животот, а понекогаш се склони и кон посакување на поранешните партнери. Не сакаат да бидат сами, а доколку се уште се повредени од поранешна врска, започнувањето на нови љубовни авантури може да им биде погубно. Тие мора да научат да ги надминуваат емоциите за да не носат со себе емоцинален багаж, пред да влезат во нова врска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни