Секој петти млад Германец размислува за иселување – расте незадоволството кај младата генерација

Ново истражување покажува дека 21% од младите во Германија планираат иселување, а 41% размислуваат за живот во странство. Причини се инфлација, трошоци за живеење, политички тензии и страв од иднината.

Според студија за младите во Германија, објавена преку Дојче Веле (Deutsche Welle), секој петти млад човек на возраст меѓу 14 и 29 години има конкретни планови да се исели во странство. Околу 40% од испитаниците изјавиле дека можат да замислат долгорочен живот надвор од Германија. Истражувањето покажува дека младите се соочуваат со силен притисок од повеќе страни – економска несигурност, социјални проблеми и општа политичка нестабилност.

Клучни причини за незадоволство

Меѓу најголемите грижи кај младите Германци се 62% – војните во Европа и на Блискиот Исток, 53% – инфлацијата и растот на трошоците за живот, 50% – недостиг и високи цени на станови, 48% – поделбите во германското општество, 45% – климатските промени, економската криза, како и политичката ситуација во САД поврзана со Доналд Трамп, 44% – страв од економска нестабилност, 42% – раст на десничарски екстремизам и 38% – државниот долг и товарот врз идните генерации.

Сè поголема желба за заминување

Според авторот на студијата, Килијан Хампел од Универзитетот во Констанц, околу 21% од младите активно планираат да ја напуштат Германија, додека дополнителни 41% размислуваат за можноста да живеат во друга земја.

Само 31% од испитаниците целосно ја отфрлаат идејата за иселување. Податоците на германската статистичка служба Destatis покажуваат дека најатрактивна дестинација за Германците е Швајцарија, по што следуваат Австрија, како и некои делови од САД, Шпанија и Франција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни