Секојдневна навика која го зголемува ризикот од деменција за 50 отсто

По напорниот и стресен ден на работа, многумина се опуштаат пред телевизорот гледајќи серии или филмови. Но, предолгото гледање телевизија не само што може да го оштети вашиот вид, туку може да го зголеми и ризикот од деменција.

Студијата објавена во „Journal of the American Medical Directors Association“ имала цел да ја истражи врската помеѓу поминувањето време пред екран за рекрација и здравјето на мозокот кај средновечни и посари возрасни лица.

Истражувањето опфатило повеќе од 400.000 луѓе во Велика Британија со просечна возраст од 55,8 години. Резултатите покажале дека гледањето телевизија пет часа дневно го зголемува ризикот од развој на деменција, Паркинсонова болест и мозочен удар.

Истражувачите од Медицинскиот универзитет Тијанџин во Кина анализирале податоци за 407.792 луѓе на возраст меѓу 37 и 73 години. Од тие луѓе, 40.000 имале скенирање на мозокот. Во текот на 13-годишниот период на следење, 5.227 развиле деменција, 6.822 имале мозочен удар, а на 2.308 им била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Повеќе од половина од учесниците (61 процент) поминувале помеѓу еден и четири часа дневно пред екранот. Просечното време поминато на гледање телевизија било 2,7 часа, а времето за рекреација пред компјутерот било 1,1 час.

Оние во студијата кои гледале три до пет часа телевизија дневно имале 15 отсто поголем ризик од развој на деменција, во споредба со оние кои гледале еден час или помалку телевизија. Оние кои поминувале повеќе од пет часа дневно гледајќи телевизија имале 44 отсто поголем ризик од развој на деменција, 12 отсто поголем ризик од мозочен удар и 28 отсто поголем ризик од развој на Паркинсонова болест.

Не е јасно зошто гледањето телевизија ги има овие ефекти врз мозокот. Една теорија е дека седентарен начин на живот, со пониски нивоа на мускулна активност и трошење енергија, доведува до хронично воспаление и намален проток на крв во мозокот. Веројатно причината е седењето, а не уживањето во серијата, поради што експертите предупредуваат повеќе движење и вежбање.

Најново

Последни колумни