Секоја трансакција со биткоин троши еден базен вода?

Биткоин е огромен загадувач на животната средина. Истражувањата досега покажале колку електрична енергија троши „создавањето“ на Биткоин.

Според добиените резултати, „Bitcoin“ е предводник во однос на многу индустриски гранки кога станува збор за загадување на животната средина.

Најновото истражување покажа дека само една трансакција на Биткоин троши речиси еден базен вода. Тоа е околу шест милиони пати повеќе отколку што се троши вода при употреба на обични кредитни картички. Оваа бројка е последица на потребата за вода која се користи за напојување и ладење на милиони компјутери ширум светот на кои Биткоин се потпира.

Околу три милијарди луѓе ширум светот се соочуваат со недостиг на вода за пиење, а во наредните децении се очекува состојбата да биде уште полоша.

Во Централна Азија и Калифорнија ситуацијата драстично се влошува кога станува збор за водата за пиење. Додека Биткоин троши речиси 1.600 милијарди литри вода во текот на една година.

Извор: bljesak.info

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни