Интервју со Екатерина Сиразитдинова од NVIDIA

Секоја компанија ќе стане компанија за вештачка интелигенција

Живееме во возбудливо време кога ги гледаме првите примери за тоа како вештачката интелигенција може да влијае на нашите животи и како таа се користи во производството и во бизнисот, вели Екатерина Сиразитдинова од компанијата NVIDIA, која учествуваше на третото издание на AI Tech Summit во Скопје.

Сиразитдинова во Скопје на AI Tech Summit зборуваше за генеративната вештачка интелигенција надвор од човечкиот јазик, а во интервју за Трн.мк зборуваше за потенцијалот на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз нашите животи.

„Гледаме дека вештачката интелигенција се користи практично и ќе гледаме се повеќе и повеќе од неа. Секоја компанија ќе стане компанија за вештачка интелигенција, а луѓето ќе користат вештачка интелигенција како лична помош“ вели Екатерина Сиразитдинова од NVIDIA во интервју за Трн.мк.

Таа додава дека е оптимистка за развојот на вештачката интелигенција и наведува дека иако ВИ ќе замени одредени работни места, исто така ќе креира и многу нови.

„Сетете се на измислувањето на машината за куцање. Пред машините луѓето пишуваа рачно. Се разбира дека одзеде работни места на некои луѓе кои пишуваа, но креираше многу други работни места. Истото ќе се случи и со ВИ“  вели Сиразитдинова за Трн.мк.

Според неа не постои страв од пребрз развој на вештачката интелигенција, бидејќи вели дека технологијата се развива со брзината на општеството и дека луѓето денес не може да се споредуваат со луѓето пред 100 години.

Сиразитдинова потсетува на светот пред паметните телефони и функционирањето без нив претходно, иако во моментов тие се неизоставен дел од нашите животи, поради што смета дека човештвото брзо ќе се навикне и на вештачката интелигенција, која ќе биде достапна за сите и сите ќе имаат бенефит од неа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни