Нови препораки за средини без чад

Секоја година 700.000 луѓе во ЕУ умираат како последица на пушењето

Бидејќи борбата против ракот се однесува и на превенцијата, ЕУ располага со 96 милиони евра од ЕУ средства за поддршка на истражувањето за превенција од зависности и зајакнување на контролата врз тутунот

Секоја година во земјите од Европската Унија 700.000 луѓе ги губат животите поради конзумирање тутун.

За подобро да се заштититат луѓето, особено децата и младите од тутунот, ЕУ дава нови препораки за земјите членки за средини без чад, вклучувајќи: проширување на политиките за животна средина без чад на отворени површини, вклучително и јавни игралишта и базени; здравствени и образовни простории како и покривање на нови производи како што се електронски цигари и загреани производи од тутун.

Бидејќи борбата против ракот се однесува и на превенцијата, ЕУ располага со 96 милиони евра од ЕУ средства за поддршка на истражувањето за превенција од зависности и зајакнување на контролата врз тутунот.

Целта на Унијата е генерација без тутун до 2040 година.

Најново

Последни колумни