Секој што ќе го фрли ова се соочува со високи казни: Нови правила доаѓаат во земјите од ЕУ

Моментално, само 22 проценти од текстилниот отпад се собира одделно за повторна употреба или рециклирање, додека остатокот често се спалува или се фрла на депонија.

Секој што фрлал стара, износена облека и обувки во контејнери наскоро ќе мора да ги промени своите навики, бидејќи од 1 јануари 2025 година би можеле да следат казни во земјите од Европската Унија.

Од 1 јануари 2025 година, ќе стапи на сила нова директива на ЕУ со која се наложува одделно собирање текстил. Ова значи дека текстилот повеќе не смее да завршува во отпадот од домаќинството. Наместо тоа, компаниите за управување со општински отпад ќе мора да обезбедат одделно отстранување на текстилниот отпад, за да може материјалите понатаму да се рециклираат. Целта е текстилната индустрија да стане поодржлива и да се зголеми стапката на рециклирање во ЕУ.

„Моментално, само 22 проценти од текстилниот отпад се собира одделно за повторна употреба или рециклирање, додека остатокот често се гори или се фрла на депонија“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Според порталот Oekotest.de, дел од старата облека се извезува во други земји кои честопати немаат соодветна инфраструктура за еколошка преработка.

Од 2025 година, износената и неносената облека ќе мора да се фрла во контејнери за употребена облека. Целата облека и текстил ќе треба да се отстранат во контејнери за употребена облека, вклучувајќи ги и истрошените или оштетените ткаенини. Секој што сè уште ја фрла својата облека во мешаниот отпад, ризикува општинските работници да не му ја испразнат корпата.

Казни би можеле да се изречат и ако властите вршат случајни проверки.

Сепак, сè уште не е целосно разбрано како треба да се „отстранат“ многу извалканите текстили.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни