Ракот на дојка е на прво место по бројот на новорегистрирани случаи на карциноми кај жени во Македонија во периодот од 2017 до 2021 година. Статистичките податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава.

Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапка на морталитет од 30,0/100.000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100.000 жени. Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка . Во 2017 биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100.000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100.000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100.000 жени, покажува новиот извештај „Морталитет и морбидитет од рак на дојка кај жени во Република Северна Македонија“ објавен по повод одбележувањето на Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка.
Во извештајот се посочува дека во земјава најчеста причина за смрт кај жените во периодот од 2010 до 2023 година, е токму ракот на дојка.
СЗО во последниот извештај потсетува дека во регионот на Европа во 2022 година, ракот на дојка имал најголем број нови случаи од сите видови на рак кај обата пола и различните возрасти.
Во 2022 година, на 604.941 жени во Европа им бил дијагностициран рак на дојка (>12% од вкупните нови случаи на рак). Секој час во Европа 18 жени умираат од рак на дојка.

На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и делотворен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од злоќудни заболувања кај жените.
Еден од 20 случаи на рак на дојката е наследен. Околу 1 на 1000 луѓе е носител на гени одговорни за појава на рак на дојка.

Раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојката ја зголмува веројатноста за успешно лекување. Затоа е многу важно жените да се образоваат и подучат за самопрегледување на дојките и за тоа дека несмеат да ги игнорораат било кое од претходно спомнатите симптоми за рак на дојката со надеж дека тие самите ќе се повлечат.
Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, е воспоставен во 1985 година, со цел да се промовира скрининг и превенција на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД, односно 2,3 милиони жени ширум светот