„Секојдневен живот“ – изложба на фотографии на Центарот за култура на турската заедница

На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор
????????????????????????????????????????????????????????

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.

„Целта на изложбата е да се поддржат локалните уметници и да се зајакне културната размена и поврзаност во заедницата. Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата“ велат организаторите.

Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и е дел од Годишната програма на Националната установа за 2025 година.

Изложбата ќе биде отворена за посетители од денеска до 19 јуни 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни