Според информациите од истражните органи во округот Вашо, итната медицинска помош била повикана околу 15:38 часот, а скијачката патрола веднаш ѝ пружила прва помош. На местото на настанот пристигнале и противпожарната служба North Lake Tahoe и шерифската служба на округот Вашо.
„И покрај напорите на итните служби, детето им подлегна на повредите“, соопштија од скијалиштето Diamond Peak, кое се наоѓа на североисточната страна од езерото Тахо, во Невада.
Шерифската служба на округот Вашо ја води истрагата и го опиша настанот како „трагична несреќа“.
„Во овој случај нема елементи на кривично дело, а нашата служба изразува најдлабоко сочувство до сите засегнати од оваа трагедија“, соопштија од шерифскиот оддел.
Скијалиштето Diamond Peak исто така изрази искрено сочувство до семејството на девојчето.