Седум жени добија награда за „Европска жена на годината“

Препознаени како креатори на промените во нивните заедници, годинава седум жени добија награда за „европска жена на годината“.

Алмира Фасљии Муарем, Марија Дуда Дибиаџио, Катерина Котеска – Стисниовска, Елмедина Абдулахи, Греса Мустафаи, Ана Витанова Рингачева, Далиборка Златева, беа издвоени поради нивната борба, делување и живеење во сите сфери од општеството.

Во фоајето на Националната Опера и Балет се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека родовата рамноправност не е само европска, туку и меѓународна вредност.

„Европската жена на годината“ е награда востановена во 2022 година од делегацијата на европската унија како начин да се признаат и промовираат еднаквоста и еднаквите можности како темелни вредности на ЕУ.

„Во однос на репродуктивното здравје и права на жената ромка, сведоци сме на целата голгота и проблеми со кои се соочиле овие жени, повеќе од десет години, кога повеќе немаше отколку што имаше гинеколог во Шуто Оризари. Заложбата на активистките од невладиниот сектор одигра клучна улога во наоѓање на ефективно решение за носење гинеколог во оваа општина“, рече Алмира Фасљии Муарем.

„Секоја жена треба да биде бестрашна во своето сопствено остварување. Остварување како жена, како мајка, како сопруга и како еден еднаков член на целото општество“, рече Катерина Котеска Стисниовска.

„Споделувам знаење, знаење за убавиот прекрасен македонски јазик, споделувам научни вистини со моите студенти дека нашиот македонскиот јазик е предлошката на можеби најкомпактната, питома и богата европска цивилизација“, рече Ана Витанова Рингачева.

„Избравме седум жени ширум цела земја. Секоја од нив е извонредна на секој начин. Секоја од нив на свој начин го крши стаклениот плафон и не носи напред“, рече Дејвид Гир амбасадор на Европската Унија во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни