Повеќе улици во Карпош денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Според најавата, прекин во водоснабдувањето ќе има за корисниците од улиците „Радика“, „Пелистерска“, „Струма“, „Огражден“, како и за делови од улиците „Карпошево Востание“, „Манапо“ и „Илинденска“.
Прекинот е поради промена на шибер со пречник од 100 милиметри на улицата „Струма“ бб и ќе започне од 12:50 часот.
Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до завршување на работните активности.