Како можете да ја разгорите страста во долгорочните врски и да го подобрите вашиот сексуален живот? Џон Готман добро го знае ова. Познатиот американски психолог, терапевт и истражувач целата своја кариера ја посвети на анализа на љубовните врски, со акцент на бракот и разводот.
Готман беше разведен двапати, а сега е во брак повеќе од 30 години со својата трета сопруга, психологот и соработник Џули Готман. Во едно интервју, парот открива што всушност е потребно за да се има добар сексуален живот на долг рок.
Што ќе ја одржи романтиката и страста во врската?
Резултатите од истражување спроведено на 70.000 парови во 24 земји, откриваат какви секојдневни навики имаат луѓето со одличен сексуален живот и ова се навистина едноставни работи.
- Секој ден си кажуваат еден на друг дека се сакаат и навистина го мислат тоа.
- Тие страсно се бакнуваат без причина.
- Си даваат комплименти.
- Си приредуваат романтични состаноци.
- Се галат и разменуваат многу нежности.
- Разменуваат нежности во јавноста.
- Зборуваат отворено за нивниот сексуален живот.
Џули Готам советува да го игнорираме еден од најголемите митови за сексот, односно дека сексот мора да изгледа совршено. Огномети, ѕвезди на небото – Тоа не е реално. Сексот едноставно мора да биде онаков каков што сакате.
Извор: zadovoljna.dnevnik.hr