Иако овошјето и зеленчукот е најздраво да се јадат во сезоната кога природно созреваат, денешниот пазар нуди бројни алтернативи што изгледаат привлечно и надвор од нивното време. Сепак, според нутриционистката Елизабет Сомер, авторка на „Eat Your Way to Happiness“, колку подолго стои производот од моментот на берење до консумација, толку повеќе губи хранливи материи.
Затоа, во текот на зимските месеци е подобро да се избегнуваат некои намирници што природно припаѓаат на летото или пролетта и наместо тоа да се избираат здрави, сезонски или соодветно замрзнати алтернативи.
Во продолжение се седум намирници што не се идеални за зимскиот период.
Иако се достапни во продавниците речиси цела година, најдобрите шпаргли се пролетните – свежи, цврсти и ароматични. Зимските шпаргли, кои често доаѓаат од Латинска Америка, се дрвенести, влакнести и со слаб вкус. Наместо тоа може да одберете прокељ, кој е богат со витамин Ц и витамин К, одличен за имунитет и здрави коски. Најдобар е комбиниран со домашна сланина или печен во рерна.
Летните праски се сочни и мирисни, но по август речиси невозможно е да се најдат свежи, квалитетни плодови. Во зима најчесто се увезуваат од Јужна Америка и имаат многу послаб вкус. Наместо тоа одберете цитрусно овошје како портокали, мандарини, грејпфрут кои се богати со витамин Ц и природни антиоксиданси, идеални за заштита од сезонски настинки.
Пролетниот грашок има слатка, мека текстура и важи за еден од најчистите природни производи. Зимскиот грашок, напротив, е брашнест, тврд и без арома. За замена се препорачува замрзнат грашок, пакуван во моментот на најголема свежина и со зачуван природен вкус.
Летнaта пченка е меѓу најслатките сезонски деликатеси. Но зимската пченка е значително покрута, без сласт и со намалена хранлива вредност. Во спротивно, може да одберете замрзнат шеќерец, кој задржува хранливи материи како лутеин, важен за здравје на очите.
Јагодите најчесто минуваат месеци во ладилници пред да стигнат во продажба во зима. Таквите плодови го губат вкусот, мирисот и витамините. За замена може да одберете замрзнато шумско овошје – идеално за колачи, смутија и десерти, собрано во моментот на најголема зрелост.
Кон крајот на летото доматот е најсочен и најароматичен. Зимскиот домат, чуван со месеци, ја губи свежината, текстурата и нивото на ликопен. Како замена може да користите конзервиран пелат или пасиран домат – најдобар избор за супи, сосови и варени јадења. Доколку е можно, изберете органски варијанти во тегла.
Зимските свежи боровинки често се прескапи, брзо се расипуваат и имаат пониско ниво на витамин Ц. Замрзнати боровинки, кои имаат скоро исто количество антиоксиданси како и свежите и се идеална замена за колачи, појадоци и смутија.
